Профил
ВИНТ дооел е трговско друштво основано во 1998 година со седиште во Скопје. Повеќе од две децении сме присутни на пазарот како доверлив партнер во областа на осветлувањето и електротехниката, нудејќи квалитетна опрема и комплетни решенија за внатрешно и надворешно осветлување.
Мисија
Нашата мисија е подобрувањето на квалитетот на живеењето на луѓето преку навремено воведување на значајни технолошки иновации. Веруваме дека квалитетното светло директно влијае на удобноста, продуктивноста и благосостојбата на луѓето, и токму затоа постојано ја следиме и применуваме најновата технологија во осветлувањето.
Тим
Нашиот тим го сочинуваат искусни стручни лица кои нудат евалуација на системи, консултации и целосна имплементација. Од првичната идеја и анализа, преку проектирање, до изведба и одржување — стоиме на располагање на нашите клиенти во секоја фаза од проектот.

